За најдобриот студент на Православниот факултет, 130 психолози работат со кочанчани, во кои земји купуваат имоти Македонците... Што пишувавме неделава?

За најдобриот студент на Православниот факултет, 130 психолози работат со кочанчани, во кои земји купуваат имоти Македонците... Што пишувавме неделава?

Каде најчесто купуваат имоти Македонците: Грција сѐ уште е најатрактивна, но популарни се и Албанија и Србија

Македонците сѐ повеќе купуваат недвижности во овие три земји, но сега причината не е само уживањето во одморот, туку е повеќе бизнис, односно потенцијалните купувачи гледаат да остварат приходи со изнајмување или со продажба на недвижноста по одредено време со оглед дека цените на станбениот квадрат рапидно растат и кај нас и во соседството.

„Теологот мора да има познавања од сите области на човечкиот живот“ , вели Стефан Лакордов, најдобар студент на Православниот факултет


„Убаво е чувството да се биде меѓу најдобрите студенти“, вели Стефан Лакордов, дипломиран теолог на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, по прогласувањето на најдобрите дипломирани студенти за академската 2023/2024 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Ваква трагедија не може да се надмине, но со мали чекори може да се учат вештини како да се живее со тоа“: Психолози секојдневно работат со кочанчани

Околу 130 психолози преку Комората на психолози три месеци деноноќно работат со преживеаните млади луѓе, ученици, студенти, наставници, со родители кои ги загубија своите деца и граѓани кои ги загубија своите роднини во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи на 16 март годинава.