Македонските средношколци освоија две бронзи на Олимпијадата по хемија

Македонските средношколци освоија две бронзи на Олимпијадата по хемија

Два бронзени медала за Македонија освоија средношколците кои учествуваат на Олимпијадата по хемија која се одржува во Братислава и во Прага.

- Поздрав од возбудениот тим. Пресреќни сме - вели доц. д-р Миха Буклески, еден од менторите на нашиот тим.

На јубилејното 50. издание на манифестацијата Македонија ќе ја претставуваат Антонио Андоновски и Стефан Стојковиќ од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“,

Магдалена Златанова од приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струмица и Стефан Дамчевски од истоименото училиште во Струга. Како и минатата година, тимот ќе го предводат доцент д-р Миха Буклески и проф. д-р Слоботка Алексовска, двајцата од Институтот за хемија и членови на СХТМ.