Леонардо Ди Каприо:  Биди благодарен за тешките времиња, затоа што тие те создадоа

Леонардо Ди Каприо: Биди благодарен за тешките времиња, затоа што тие те создадоа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Како актер, Леонардо Ди Каприо морал да помине многу пат за да стигне до врвот, соочувајќи се со одбивања и отфрлања многу пати, пред конечно да стане еден од најбараните актери во Холивуд. Тој никогаш не дозволил неговиот неуспех да го контролира, давајќи си избор само да успее. И покрај тоа што постигнал толку многу, тој и понатаму е едноставен човек кој знае да почитува и кој се грижи за луѓето околу него, како и за животната средина. Неговиот начин на размислување вреди да се научи ако сакате да станете силни како него.

Во продолжение се цитати што ќе ве инспирираат и мотивираат да ги постигнете вашите цели и соништа.

- 97 отсто од луѓето кои се откажуваат прерано се вработени од 3 отсто од луѓето кои никогаш не се откажале.

- Убиј ги со успех и закопај ги со насмевка.

- Ти и само ти можеш да ја промениш твојата ситуација. Не обвинувај никој и ништо.

- Секој поминал низ нешто што го променило на начин на кој никогаш повеќе не можат да бидат личноста што некогаш биле.

- Смеј се, кимај со главата, согласувај се и прави го она што секако си планирал да го направиш.

- Успеав да останам нормален во овој бизнис, бидејќи останувам дете надвор од камерата.

- Да се придружиш на првите 1 отсто, мора да го направиш она што останатите 99 отсто нема да го направат.

- Поздрав до оние кои ме мразат, постојат уште повеќе работи што ќе видат од мене.

- Ако можеш да го работиш она што го правиш најдобро и да бидеш среќен, тогаш си чекор понапред во животот од повеќето луѓе.

- Заљуби се во личноста која ужива во твоето лудило. Не во идиот што те тера да бидеш нормален.

- Потребен ти е родителски совет, а јас добив одлични совети од моите. Тие се разделија кога бев бебе, но иако останав со мајка ми, и двајцата беа многу вклучени во моето воспитување.

- Работете сè до моментот кога вашата банкарска сметка не почне да изгледа како телефонски број.

- Сите сме обликувани од спомените што сме ги имале како млади луѓе.

- 97 отсто сум сигурен дека не ви се допаѓам. Но, 100 отсто сум сигурен дека не ми е гајле.

- Обрнете внимание на луѓето кои не аплаудираат кога победувате.

- Сакам да правам работи што ме плашат. Пробав банџи џам, но падобранството е најболната работа.

- Сакам да се одведеш себеси до ќошот. Да не си дадеш друг избор освен да успееш. Нека последиците од неуспехот станат толку сериозни и толку незамисливи што ќе немате друг избор освен да направите сè што е потребно за да успеете.

- Врските се како електрична струја: погрешните врски ќе ти дадат шокови низ цел живот, но вистинските ќе го осветлат твојот живот.

- Ги поздравувам оние што некогаш се сомневаа во мене.

- Браќате не мора да си кажат ништо еден со друг - тие можат да седат во една соба и да бидат заедно и да им биде пријатно во нивното друштво.

- Биди благодарен за тешките времиња, затоа што тие те создадоа.

- Навистина сакам да го правам она што го правам. Знам дека секоја кариера е минлива и дека ќе има временски периоди кога нема да ги добивам можностите што ги добивам сега, така што го користам максимумот од нив.

- Не сум личност што се обидува да биде кул или тренди, дефинитивно сум индивидуалец.

- Ако си го направил најдоброто што си можел, грижата за тоа дека нема да успееш нема да промени ништо. Ако сакаш да бидете успешен, почитувај едно правило: никогаш не дозволувај неуспехот да ја преземе контролата врз тебе.

- Доста е доста. Вистината е дека се вклучи алармот на нашата планета и време е да се разбудиме и да преземеме акција.

- Луѓето сакаат да бидеш лут, надвор од контрола и тинејџерско детиште. Сакаат да бидеш мизерен, како нив. Не сакаат херои - сакаат да видат како паѓаш.

- Можам да се сетам дека систематски бев отфрлан од режисери додека бев младо дете. Се чувствував како најголемиот аутсајдер што некогаш постоел, дека никогаш нема да припаѓам во тој клуб.

- Една идеја од човечкиот ум може да гради градови. Идеја што може да го трансформира светот и да напише нови правила.

- Никогаш не го сфатив училиштето. Никогаш не можев да се фокусирам на работи што не сакав да ги учам. Математиката беше најлоша. До ден денес, не можам да се сконцентрирам. Луѓето секогаш велат: „Требаше да се обидеш повеќе“. Но всушност, јас препишував многу бидејќи не можев да седам мирно и да пишувам домашна.

- Дрога? Секој има избор и да избере да не се дрогира.

- Имав многу среќа што постигнав многу работи за кои сонував дека некогаш ќе ги постигнам. Но, на крајот од денот, навистина верувам дека во животот не е најважно постигнувањето на големо богатство или успех. Бидејќи на крајот, тие не носат среќа.

- Моите родители, кои беа разведени, беа толку добри во моето воспитување и воопшто не го одржуваа фокусот на тоа дека бевме сиромашни. Постојано ме носеа на културни настани. Ме носеа во музеи. Ми покажуваа уметност. Ми читаа. А мајка ми возеше 2 часа во денот за да ме однесе на училиште.