Научниците првпат забележаа светлина од другата страна на црна дупка

Научниците првпат забележаа светлина од другата страна на црна дупка

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците првпат забележаа светлина што доаѓа од другата страна на црна дупка. Ова се чини невозможно бидејќи за црните дупки се знае дека „голтаат“ сè што е во нивна близина, вклучувајќи ја и светлината.

Откритието се опишува во ново истражување кое покажува необичен настан во кој светлината „одекнува“ околу црната дупка, така што научниците може да ја видат од другата страна.

Истражувачите анализирале х-зраци од супермасивна црна дупка во средината на друга галаксија на околу 800 милиони светлосни години од Земјата. Некои зраци изгледале како одраз од другата страна на црната дупка, појаснил астрофизичарот Ден Вилкинс.


Фото: Pixabay

- Која било светлина што влегува во црна дупка не излегува, затоа не би требало да може да видиме ништо зад црната дупка - изјавил Вилкинс.

Тој појаснил дека х-зраците биле видливи бидејќи црната дупка ги искривува светлината и магнетните полиња околу себе.

Откривањето светлина од другата страна на црна дупка е можно според Теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн, но тоа не било забележано досега.

Извор: Independent