Франција од септември ќе ги забрани мобилните телефони во средните училишта

Франција од септември ќе ги забрани мобилните телефони во средните училишта

Забраната за користење мобилни телефони во средните училишта во Франција ќе стапи во сила на почетокот од учебната 2026/2027 година, објави францускиот претседател Емануел Макрон.

- Заштитата на децата од опасностите што ги носат екраните повеќе не може да чека. Училиште без телефони значи враќање на мирот неопходен за учење - напиша францускиот претседател на „Х“.

Мерката, која ја иницира претседателот на Франција, се надоврзува на забраната што во основните и пониските средни училишта е во сила уште од 2018 година.

- Забраната може да се приспособува од случај до случај, во зависност од локалните околности - изјави министерот за образование Едуар Жефре.

Претставникот на синдикатот на директори на училишта СЕНПДЕН-УНСА, Франсоа Рене, сепак изјави дека училиштата не се подготвени за оваа мерка и го критикуваше нејзиното лошо темпирање.

Во насоките објавени на 2 јули, заедно со упатство, средните училишта добиле инструкции да се подготват за спроведување на мерката, која парламентот ја усвои кон крајот на јули.

За да ја спроведат забраната, училиштата мора да ги изменат своите интерни правилници, што бара консултации со повеќе тела, меѓу кои ученичкиот парламент и училишниот одбор.

Многу средни училишта не успеаја да го завршат овој процес пред почетокот на учебната година бидејќи во текот на летниот распуст беа затворени.

Извор: 021.rs
Фото: Magnific