Антибиотиците им помагаат на некои бактерии да се шират и ја спречуваат нивната смрт

Антибиотиците им помагаат на некои бактерии да се шират и ја спречуваат нивната смрт

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Досега се сметаше дека антибиотиците ги убиваат бактериите или го спречуваат нивниот раст. Но, според ново истражување, овие лекови можат да им помогнат на некои бактерии да живеат подолго.

Антибиотиците, кои се широко користени против бактериски инфекции, треба да ги убијат бактериите или барем да го запрат нивниот раст или размножување. Но, сега истражувачите откриле дека овие лекови може да им се од корист на бактериите и да ги штитат од смрт.

Експертите откриле дека некои бактерии не успеваат во лабораториски услови додека не биле изложени на антибиотици.

- Нашето истражување е доказ за несакани ефекти кои не беа видени досега. Едноставно не знаеме како лековите ја менуваат рамнотежата кај бактериската популација - вели професорот Роберт Бирдмор од Универзитетот во Ексетер.

Тимот откри дека одредени антибиотици можат да помогнат во спречувањето на бактериите да се намалуваат кога изумираат. Ова значи дека повеќе бактерии можат да преживеат подолго, во споредба со оние што не биле изложени на антибиотици.

- Ова е првиот доказ дека антибиотиците можат да го подобрат преживувањето на бактериите. За да се справиме со отпорноста на антибиотиците во светот, треба да знаеме многу повеќе за влијанието на овие лекови врз рамнотежата на бактериските екосистеми, како што се оние во цревната микрофлора или во реките кои се изложени на антибиотици - објаснува Бирдмор.

Истражувачите ја испитувале бактеријата ешерихија коли во лабораториски експерименти. Тие откриле дека антибиотиците го забавуваат растот.

- Многу антибиотици го забавуваат растот на бактериите, но ние покажуваме дека тоа може да им помогне на бактериите да ја надминат кризата со хранливи материи што инаку би ги убиле, што на крајот им помага да преживеат. Во нашите експерименти бактериите преживеаја бидејќи антибиотиците се антиоксиданси, што значи дека им помагаат на клетките да се справат со некои од отпадните производи што ги создаваат додека растат - објаснува д-р Емили Вуд.

Извор: News-medical.net
Фото: Freepik