Дали ова е најзаштитената канцеларија од коронавирус во светот?

Дали ова е најзаштитената канцеларија од коронавирус во светот?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали би можеле да работите додека пловите по река? Еден човек успеал во тоа при „експеримент“ во Њујорк.

Креативците од јутјуб-каналот „Импров евривер“ се познати по своите јавни настапи и експерименти. Во понеделникот тие пуштиле импровизирана канцеларија да плови во река во Њујорк. На пловечката канцеларија имало ладилник за вода, компјутер што работи на батерија и удобен канцелариски мебел.

Шегата, или експериментот, била успешна. Сепак, оваа канцеларија може да биде подостапна отколку традиционалните канцеларии во скапиот град. Освен тоа, нема шанси да се заразите со коронавирусот.


Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com
Насловна фотографија: YouTube screenshot