Најдолгиот филм во светот трае повеќе од 35 дена

Најдолгиот филм во светот трае повеќе од 35 дена

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Еден типичен филм трае помеѓу 90 минути и два часа, а за некои гледачи секој филм подолг од ова е „предолг“. Но дури и најдолгиот филм што сте го гледале не е ништо во споредба со „Логистика“, најдолгиот филм во светот. Филмот излегол во Шведска во 2012 и трае 35 дена и 17 часа.

Секако, „Логистика“ не е обичен филм. Тој бил режиран од Швеѓаните Ерика Магнусон и Даниел Андерсон и претставува експериментален филм кој ја нема стандардната структура на еден филм. Идејата за филмот почнала со едно прашање: Од каде доаѓаат сите гаџети? Магнусон и Андерсон се обидуваат да го одговорат ова прашање следејќи го животниот циклус на еден педометар.

Приказната почнува од продавница во Стокхолм, каде што се продава предметот, а потоа се движи наназад за да го прикаже патувањето на предметот до потрошувачите. Филмот ги носи гледачите на камион, товарен воз, брод со контејнери и конечно во фабрика во Кина. Патувањето се одвива во реално време за публиката да може да добие точна претстава за времето и далечината што треба да се поминат за да се достават предметите до корисниците.

Сепак, повеќето луѓе не би седеле 857 часа пред екран за да го гледаат филмот. За среќа, тоа не е единствениот начин на кој може да уживате во делото. Режисерите го поделиле филмот во кратки двеминутни видеа за секој од деновите прикажани во целиот филм. Сите делови може да ги најдете овде.

Во продолжение следува скратена верзија од филмот.


Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Фото: YouTube screenshot