Ловци на урагани влегоа во окото на ураганот Мелиса - неверојатна сила на природата

Ловци на урагани влегоа во окото на ураганот Мелиса - неверојатна сила на природата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Екипаж од резервисти на американското воено воздухопловство, познат како „Ловци на урагани“, во понеделникот прелета низ окото на ураганот Мелиса за да собере податоци за Националниот центар за урагани.

Со брзина на ветерот до 282 километри на час, овој ураган од петта категорија е најсилната бура во светот во 2025 година.

Мелиса веќе ја погоди Јамајка доцна синоќа, а продолжува да се движи преку Источна Куба и Бахамите, носејќи зад себе сцени што ја потсетуваат човечката раса на неверојатната моќ на природата.

Извор: Rts.rs
Фото: Screenshot/Twitter