Почина Патрик Стјуарт, актерот што ги одбележа „Ѕвездени патеки“ и „Икс-мен“

Почина Патрик Стјуарт, актерот што ги одбележа „Ѕвездени патеки“ и „Икс-мен“

Британскиот актер Патрик Стјуарт, кој стекна светска слава како капетанот Жан-Лук Пикард во „Ѕвездени патеки“ и професорот Чарлс Ксавиер во филмската франшиза „Икс-мен“, почина на 86-годишна возраст.

Стјуарт, актер со класично театарско образование, кој ги толкуваше делата на Шекспир и внесе посебна сериозност во франшизите „Ѕвездени патеки“ и „Икс-мен“, почина во средата во Лос Анџелес.

Неговата портпаролка Кели Буш Новак соопшти дека актерот починал по кратка и тешка борба со Алцхајмерова болест и деменција со Левиеви тела.

Стјуарт се има појавено во филмови како „Екскалибур“, „Дина“, „Зелена соба“, „Чарлиевите ангели“, „Кода“ и многу други.

На сцената ги толкуваше ликовите на Клавдиј и Магбет, а често изведуваше и монодрама според „Божиќна песна“ на Чарлс Дикенс. Настапувал на лондонскиот Вест Енд и на Бродвеј во претставите „Ничија земја“ од Харолд Пинтер и „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, заедно со својот долгогодишен пријател Ијан Мекелен.

Во 2010 година беше прогласен за витез за неговиот придонес во драмската уметност.

Извор: APnews.com
Фото: Screenshot/YouTube