Спасот од климатските промени ќе зависи од научниците

Спасот од климатските промени ќе зависи од научниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

ЕУ си даде период од 30 години да премине во јаглерод неутрална, според новата климатска стратегија за која ЕУ се надева дека земјите-членки ќе се согласат да ја усвојат во 2020 година.

Холистичкиот план вклучува стратегии што се движат од зголемување на износот на електрична енергија произведена од соларни и ветерни фарми до 80 отсто, до инвестирање во мерки за енергетска ефикасност, како што е подобрена градежна изолација за намалување на греењето и климатизација.

Новите климатски предлози на ЕУ доаѓаат како одговор на извештајот на ОН во кој пишува дека имаме само 12 години да преземеме нешто и да престанеме да ги предизвикуваме глобалните климатски промени.

Но, 30 години е подолго од 12 години - дури и најамбициозните планови на ЕУ ќе ја промашат целта. А со земји-членки како Полска, која сè уште во голема мера зависи од јагленот, ЕУ можеби воопшто нема да успее да стигне до целта.

Ако Европа сака да стигне до целта и да го забрза напредокот, ќе мора да инвестира во нова технологија за заробување на јаглеродот. Европскиот план во голема мера се потпира на технологијата за заробување на јаглеродот.

За жал, научниците сè уште немаат развиено способност за заробување на јаглеродниот диоксид на ниво потребно за спасување на нашата планета. Ако сакаме да имаме шанса за одложување на климатската апокалипса, научниците ќе мора да работат напорно.