Научници случајно открија дека некои торбари светат во темница

Научници случајно открија дека некои торбари светат во темница

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Австралија е позната по опасни животни, како пајаци, змии и ајкули кои ги има во изобилство на континентот. Но таму живеат и необични животни какви што нема на друго место.

Во октомври американски научници објавиле истражување во кое покажуваат дека крзното на австралискиот платип може да свети во темница.


Фото: Degruyter

Научници од музејот во Западна Австралија спровеле тестови за да ги проверат откритијата во истражувањето. Нивните тестови откриле дека повеќе австралиски цицачи и торбари светат во темница, меѓу кои и вомбатите. Научниците од музејот ги тестирале животните со ултравиолетова светлина.



Не е јасно зошто крзното на овие цицачи свети во темница, а научниците шпекулираат дека тоа е можеби за полесно препознавање на другите животни од истиот вид во мракот бидејќи поголемиот дел од животните што биле тестирани биле ноќни животни.

Автор: Стеф Панекасио
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Twitter