Почнува конкурсот за стипендиите НОВА - „Борис Трајковски“ 2023

Почнува конкурсот за стипендиите НОВА - „Борис Трајковски“ 2023

Наскоро се отвора конкурсот за стипендии во Меѓународното училиште НОВА, наменет за најталентираните деветтоодделенци од јавните основни училишта. Станува збор за еден од многуте конкурси досега со чија помош се поддржани стотици студенти со севкупна вредност на стипендии од 1,9 милион евра.

Стипендиите кои се доделуваат се резултат на долгогодишната соработка на Меѓународното училиште НОВА со Фондацијата „Борис Трајковски“, која започна далечната 2005 година во спомен на трагично загинатиот претседател на нашата земја, Борис Трајковски“. За нив може да конкурираат сите ученици од земјава кои го завршуваат основното образование и сакаат да го продолжат образованието во НОВА, а притоа имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и одлично го владеат англискиот јазик. Дополнително, се охрабруваат да аплицираат студенти кои ги делат вредностите на НОВА, како мултикултурализам, отвореност за нови култури и негувањето заеднички вредности со меѓународната заедница.



Апликантите треба да изработат видеоесеј на тема „What one class should all secondary school students be required to take and pass in order to graduate?“ и истиот да го поднесат во електронска форма на веб-страницата на училиштето. Повеќе информации и совети за изработка на видеоесејот тука.

Кој има право да аплицира?
- Граѓани на Република Северна Македонија кои завршуваат основно училиште

Што треба да знаат оние што аплицираат?
- Меѓународното училиште НОВА е училиште каде што се учи на англиски јазик;
- Неопходно е познавањето на англиски јазик (читање, пишување, зборување)
- Во интернационално училиште учениците треба да бидат подготвени да учат заедно со врсници чии вредности и културни средини се различни од нивните.



Овој конкурс, кој го нуди Меѓународното училиште НОВА, претставува одлична можност за сите основци што сакаат да ги прошират своите интелектуални видувања, да се дружат со ученици од целиот свет и да студираат на едни од најуспешните универзитети во иднина.

Досега над 150 студенти од Меѓународното училиште НОВА се запишале на најдобрите 100 универзитети во светот. Процесот на пријавување започнува на 28.11.2022 и завршува на 7.12.2022. Повеќе информации и совети за видеоесејот процесот на аплицирање, искуства и совети од други студенти тука.


(Комерцијална објава)