Цементарница УСЈЕ вработува планер во техники на одржување

Цементарница УСЈЕ вработува планер во техники на одржување

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување


планер во техники на одржување

Планерот за одржување ќе биде задолжен за планирање на одржувањето на опремата, планирање на потребните материјални и човечки ресурси потребни за извршување на активностите на одржување. Изработува планови за ремонти и други поголеми зафати на опремата, планира и подготвува проекти поврзани со инвестиции, активно учество во анализа за детектирање на причините за дефект на опремата, се грижи за собирање и систематско документирање на секаков вид на документација за опремата, техничка валидизација на завршени активности од надворешни фирми, итн. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува од 46.000 до 60.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Квалификации:
• ВСС/VII степен образование, Машински факултет
• Работно искуство од 3 години во одржување ќе се смета како предност
• Искуство во работа со SAP ќе се смета за предност
• Одлично познавање на МS Office
• Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:
- Безбедносно однесување
- Техничка експертиза
- Превентивно, предвидливо, проактивно одржување
- Планирање и организирање
- Флексибилност и адаптибилност во тимското работење

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб-страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk .

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.