Сите земји што досега потврдија случаи на новата варијанта на коронавирусот

Сите земји што досега потврдија случаи на новата варијанта на коронавирусот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Медиумите секојдневно пренесуваат за откривањето на новата варијанта на коронавирусот во нови земји во Европа и пошироко. Оваа варијанта, за која се смета дека се пренесува 70% полесно од претходната, првпат била забележана во Велика Британија во септември.

Поради нејзиното откривање, многу земји ги затворија границите и уште повеќе ги засилија мерките на претпазливост. Во продолжение се земјите во кои веќе било потврдено присуството на новата варијанта на коронавирусот.

Велика Британија

Велика Британија беше првата земја што го потврди присуството на мутираниот коронавирус во септември, а претходно месецов министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека новата варијанта „излегува од контрола“, па затоа беше забрането движењето за милиони луѓе за време на празниците. Повеќе земји ги забранија летовите од Велика Британија.

Шведска

Шведските власти го открија новиот вид коронавирус откако патник од Велика Британија имал позитивен тест по пристигнувањето, изјави шведската здравствена агенција во саботата. Тој е во изолација и досега не бил забележан друг случај.

Франција

Франција го потврди првиот случај на новиот вид коронавирус на католички Божиќ. Французин кој се вратил од Лондон го имал вирусот.


Фото: Pixabay

Шпанија

Досега биле откриени 4 случаи на новата варијанта на коронавирусот во Шпанија, известиле здравствените власти во саботата. Сите заразени лица неодамна пристигнале од Велика Британија и немаат силни симптоми.

Швајцарија

Во Швајцарија досега тројца добиле позитивни тестови за новата варијанта на коронавирусот, изјавиле од Федералната канцеларија за јавно здравје во саботата. Двајца од пациентите живеат во Велика Британија, но патувале во Швајцарија. Сите контакти на заразените се во изолација. Ски-центрите се отворени во Швајцарија за време на празниците.

Данска

Досега биле детектирани 9 случаи на новата варијанта на коронавирусот во Данска, изјавиле од Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела.

Холандија

Холандија е една од првите европски земји што го потврдија присуството на новиот коронавирус. На 22 декември министерот за здравство Хуго де Јонг изјавил дека варијантата на коронавирусот била откриена кај две лица во Амстердам.

Германија

Германија го потврди првиот случај на новата варијанта на коронавирусот кај жена што пристигнала во Франкфурт од Лондон на 20 декември.

Италија

Италијанските власти минатата недела известија дека пар кој пристигнал од Велика Британија во Рим го носел мутираниот коронавирус.


Фото: Pixabay

Канада

Пар во Онтарио добил позитивен тест за новата варијанта на коронавирусот на 26 декември. Тие не патувале, а лицата со кои биле во контакт се во изолација.

Јапонија

Јапонија ги потврди првите 5 случаи на мутираниот коронавирус на 25 декември. Јапонија ги стопира сите патувања и забрани влез на странци во земјата. Јапонците може да влезат во земјата доколку имаат негативен резултат од тест, но ќе мора да останат во карантин две недели.

Либан

Во петокот министерот за здравство на Либан изјавил дека бил откриен мутираниот коронавирус кај лице што пристигнало од Лондон на 21 декември.

Сингапур

Министерството за здравство на Сингапур на 24 декември потврдило дека во земјата има едно лице заразено со новата варијанта на коронавирусот.

Австралија

Две лица што пристигнале во Австралија од Велика Британија го имаат мутираниот коронавирус, изјавиле здравствените власти минатата недела.


Фото: Pixabay

Јужноафриканска Република

Велика Британија потврдила два случаи на новата варијанта на коронавирусот во Јужноафриканската Република, изјавил министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок.

Нигерија

Нова варијанта на коронавирусот, различна од онаа во Велика Британија и Јужноафриканската Република, била потврдена и во Нигерија на 24 декември. Џон Нкенгасонг од Африканскиот центар за контрола и спречување на болести минатата недела изјавил дека се анализираат повеќе примероци и не се знае многу за новата мутација.

Автор: Софија Анкел
Извор: businessinsider.com