„Ауди“ сними празнично видео со играчки-автомобили без помош на вештачката интелигенција
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Ауди“ оваа година на одличен начин влезе во празнично расположение. Објавено е кратко видео кое на креативен начин ја прераскажува приказната за Рудолф, ирвасот со црвен нос, но наместо летечки санки, низ снегот дрифтаат метални модели на автомобили.
Снимено со стоп-анимациска техника базирана на фотографии, видеото е исклучително симпатично. Трае повеќе од една и пол минута и го носи насловот „Holiday Play, the Audi Way“.
Видеото е преполно со минијатурни верзии на некои од најпознатите модели на „Ауди“, од сериски автомобили, преку тркачки модели, до омилени класики. Автомобилите се спуштаат по снежни падини, прават снешко и едноставно уживаат во заедничката празнична атмосфера.
Видеото не е создадено со помош на вештачка интелигенција. „Ауди“ потврди дека е снимено со вистински метални модели на автомобили и целосна продукциска екипа.
Компанијата објави и неколку фотографии од зад сцената, кои покажуваат како секоја сцена била внимателно поставена, со што дополнително се истакнуваат времето и трудот вложени во оваа продукција.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/Youtube