Брижит Бардо: „Само будалите одбиваат да го сменат своето мислење“

Брижит Бардо: „Само будалите одбиваат да го сменат своето мислење“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Брижит Бардо е француска актерка, културна икона и една од најконтроверзните јавни личности на 20 век. Родена на 28 септември 1934 година, таа стана симбол на слободниот дух, женската независност и сексуалната револуција, а подоцна и гласен и бескомпромисен борец за правата на животните. Почина на 28 декември 2025 година на 91 година.

- Мојата дива и слободна страна некои ги вознемируваше, а други ги ослободуваше.

- Денешниот свет не ми се допаѓа.

- Подобро е да бидеш неверен отколку верен без да го сакаш тоа.

- Не се чувствувам стара, ниту истрошена и немам време да губам размислувајќи за стареењето, бидејќи живеам само за мојата цел.

- Секоја возраст може да биде волшебна, ако се живее во неа.

- Сакам само да ги заштитам животните од варварски, сурови, нечовечки и заостанати ритуали.

- Мажите се ѕверови, а дури и ѕверовите не се однесуваат како нив.

- Си заминувам пред да бидам оставена. Јас одлучувам.

- Живеам живот на земјоделец. Не гледам како би можела да носам креации на Лагерфелд додека ги хранам моите кози. Го почитувам Лагерфелд како човек, но би го почитувала многу повеќе ако и тој ги почитуваше животните. Ние не живееме во ист свет.

- Никогаш не останувам во минатото - спомените се премногу негативни.

- Славата ми донесе многу несреќа.

- Само будалите одбиваат да го сменат своето мислење.

- Им ги дадов убавината и младоста на мажите. Мудроста и искуството ќе им ги дадам на животните.

- Разбрав дека најважните нешта се нежноста и добрината. Не можам без нив.

- Дали мора да постои причина за да се сака?

- Во демократија мора да постои право на слободно изразување, и јас токму тоа го правам, дури и кога некому му пречи.

- Животните никогаш не ме предале. Тие се лесен плен, како што и јас бев во текот на мојата кариера. Затоа се разбираме. Ги сакам.

- Жените стануваат понесреќни колку повеќе се обидуваат да се ослободат.

- Бев многу среќна, многу богата, многу убава, обожавана, славна и многу несреќна.

- Тажно е да се старее, но убаво е да се созрева.

- Ја укинавме смртната казна за луѓето. Зошто тогаш да постои за животните?

Извор: Brainyquote.com
Фото: Screenshot/YouTube