Како конечно почнав да штедам?
Искрено, долго време мислев дека штедењето не е за мене. Односно дека е нешто што можеби ќе го правам „кога ќе пораснам“, кога ќе имам „стабилна“ плата, повеќе пари или повеќе дисциплина. А кој не мисли така? Иако реалноста, сепак, беше дека повремено ќе ми стигнеше некој дополнителен приход – пари од роденден, неочекуван денар од баба/дедо, хонорар, летна студентска работа – а тие пари некако секогаш исчезнуваа брзо и незабележливо.
Постојано околу мене слушав за штедење, депозити, камати, различни банкарски опции… и некако сето тоа ми звучеше како нешто комплицирано и далечно. Особено во делот со депозитите – не ги разбирав најдобро и мислев дека парите ќе ми бидат заклучени, дека ќе морам секој месец да уплаќам одреден износ, дека мора да почнам со многу повеќе отколку што можам.
Сè до неодамна, кога открив дека постои нешто направено токму за луѓе како мене: Vibe On Флекси депозитот за млади на Шпаркасе Банка.
За многу брзо, штедењето престана да ми биде „голема обврска“ и почна да личи на нешто остварливо.
Зошто? Затоа што можев да започнам со само 100 евра или 6.000 денари. Тоа ми беше првата причина да размислам сериозно. Не сакав да чекам „поволен момент“ или повеќе пари – сакав опција што можам да ја почнам веднаш, со реален износ.
Потоа сфатив нешто уште поважно: депозитот е флексибилен.
Тоа значеше дека можам да уплаќам кога било – дали откако ќе добијам плата, хонорар или, пак, кога ќе заштедам нешто од страна. Истовремено значеше и дека можам да повлечам средства ако ми затребаат, во кое било време, без паника дека ќе ја изгубам каматата или дека ќе го „раскинам“ депозитот.
Искрено, токму тоа ме убеди: можноста да штедам, но и да имам пристап до моите пари кога и да посакам. Затоа што ние, младите, знаеме дека секогаш нешто може да се случи: патување што излегува од „нигде никаде“, полагање некој заборавен испит што сега бара дополнителни трошоци, планови што се менуваат во последен момент.
Со Vibe On Флекси депозитот првпат почувствував дека штедењето не работи против мене, туку со мене.
Денес, кога ќе ми стигне плата или кога ќе добијам некои „непланирани пари“, не одат веднаш сите како трошок. Ги ставам на депозит, знаејќи дека сум еден чекор поблиску до нешто мое – нов лаптоп, патување, финансиска резерва или едноставно – мир.
И најубавото? Не се чувствувам притиснато. Не мора да уплаќам секој месец, ниту да задржувам големи суми. Штедам по свои правила, кога сакам и колку сакам.
Ако и ти си во фазата кога сакаш да почнеш да создаваш сопствена финансиска навика, а не знаеш како (и имаш од 18 до 28 години), ова може да биде и твојата идеална стартна позиција.
Vibe On Флекси депозитот е првиот депозит што реално го разбирам и што работи за мене. И најверојатно ќе биде првиот што ќе го разберат и многу други млади како мене.
Не знаеш како да почнеш? Кликни
тука.
(Комерцијална објава)