Видео: Кинескиот маглев постави светски рекорд

Видео: Кинескиот маглев постави светски рекорд

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Истражувачи од Кинескиот национален универзитет за одбранбена технологија успешно забрзале тест-возило од еден тон до рекордна брзина од 700 км/ч за само 2 секунди, на магнетна левитациска патека долга 400 метри. Исто така, тие и безбедно го запреле возилото.

Тестот за брзина постави нов глобален стандард, правејќи го најбрзиот суперспроводлив електричен маглев во светот досега.

Инженерите велат дека истата сила што ја лансирала тест-санката по кратка патека би можела да лансира и ракета.

Тие велат дека технологијата би можела да се примени и на хиперлуп воз со вакуумски затворени цевки, што би ги поврзувале градовите за неколку минути, процес што го замисли Илон Маск уште во 2013 година.

Иако забрзувањето од 0 до 715 км/ч е импресивно, не е наменето да биде искуство за патниците. Крајната цел на Институтот е да се достигне брзина од 1.000 км/ч, надминувајќи ги типичните брзини од 885 до 933 км/ч на патничките авиони.


Системот што се тестира користи високотемпературни суперспроводливи магнети со електрични суперспроводливи намотки на санките, што создаваат магнетно поле кое комуницира со шините за да создаде левитација.

Извор: m.vidi.hr

Фото: YouTube screenshot