Растечка атрактивност на докторските студии на УКЛО
Докторските студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола бележат јасен и континуиран раст на атрактивноста, како резултат на засилената интернационализација и сè поголемата меѓународна препознатливост на Универзитетот како респектабилна и престижна високообразовна и научноистражувачка институција.
Значаен поттик на овој тренд претставува членството на УКЛО во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС (COLOURS), со што Универзитетот стана првиот македонски универзитет вклучен во европска универзитетска алијанса. Ова членство отвора нови можности за меѓународна соработка, мобилност и заеднички докторски и истражувачки иницијативи.
Според проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ, дополнителна вредност дава и висококвалитетниот, меѓународно профилиран наставно-научен кадар, чија научна продукција и активен ангажман во меѓународни академски мрежи претставуваат силна основа за квалитетни докторски студии и конкурентно менторство.
Растечкиот интерес е потврден и со бројките: во академската 2025/2026 година се запишани 60 докторанди, од кои 21 странски студент, наспроти 43 докторанди (16 странски) во 2024/2025 година. Овие резултати се особено значајни ако се земе предвид законското ограничување според кое еден професор може да менторира најмногу тројца докторанди, што го лимитира вкупниот број на уписи.
Атрактивноста на докторските студии е дополнително зајакната и преку меѓународното рангирање на УКЛО на престижните листи QS и Times Higher Education (THE). На THE Impact Rankings во однос на Целите за одржлив развој на ООН (SDGs), УКЛО е рангиран меѓу:
• 601–800 место во светот за SDG 8 – Пристојна работа и економски развој,
• 401–600 место за SDG 16 – Мир, правда и силни институции, и
• 1001–1500 место за SDG 17 – Партнерство за целите.
Овие резултати, постигнати во краток временски период во последните 2-3 години, јасно го профилираат УКЛО како универзитет насочен кон Целите за одржлив развој на ООН и кон заедницата, со растечка меѓународна видливост и влијание.
(Комерцијална објава)