Споделила предупредување за радар на „Фејсбук“ и добила казна од 650 евра

Споделила предупредување за радар на „Фејсбук“ и добила казна од 650 евра

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Шеесетгодишна Швајцарка мора да плати 650 евра казна затоа што на „Фејсбук“ објавила предупредување за полициска контрола на брзината на возење.

Според швајцарските медиуми, летово жената ја споделила објавата на друга личност која предупредувала на привремен радар од регионалната полиција на Рорхдорферберг-Ројстал. Навидум невин потег завршил со пријава поднесена од непознато лице.

Пријавата била успешна: поради кршење на Законот за патен сообраќај, жената  треба да плати казна од 200 швајцарски франци (околу 215 евра). Со судските и административните трошоци, вкупниот износ достигнал 600 франци (околу 650 евра).

Адријан Шулер, портпарол на јавното обвинителство, потсетува дека откривањето на локацијата на радарот е незаконско во Швајцарија веќе 13 години, дури и кога се работи за споделени објави на социјалните мрежи. Сепак, овој прекршок ретко се санкционира бидејќи властите немаат доволно време и ресурси за истраги. Доколку жената не ја плати казната, ѝ се заканува затворска казна од два дена.

Ова не е единствен случај во Швајцарија. Друга жена од кантонот Тургау исто така добила казна затоа што на „Фејсбук“ управувала група во која се објавувале предупредувања за радари и контролни пунктови. Таа добила парична казна од 500 швајцарски франци (537 евра) плус 780 франци (838 евра) за трошоци. Судот утврдил дека и самото давaње или објавување информации за радарите преку група/социјална мрежа е забрането според Законот за патен сообраќај. 
„Мета“ морала да му ги предаде податоците на јавниот обвинител за да може да се води постапката.

Извор: Fenix-magazine.de 
Фото: Unsplash