МОН објави конкурс за прием на ученици во ученичките домови

МОН објави конкурс за прием на ученици во ученичките домови

Министерството за образование денеска го објави конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021.

-Учениците што се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Рокот за електронското пријавување на учениците што се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2020 година и трае до 01.07.2020 година. Рокот за електронското пријавување на учениците што се запишани во I година почнува од 02.07.2020 година и трае до 9.07.2020 година - се наведува во конкурсот.

Во конкурсот се додава дека вселувањето на примените ученици почнува од 31 август 2020 година.

Целиот конкурс можете да го видите ТУКА.