ОКТА АД – Скопје, членка на

ОКТА АД – Скопје, членка на "Helleniq Energy", објави конкурс за стипендии за студии од втор циклус за академската 2026/2027 година

Како дел од својата програма за корпоративна општествена одговорност, ОКТА АД – Скопје, членка на "Helleniq Energy", 8. година по ред го објавува конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус на универзитетите во Република Северна Македонија и во странство за академската 2026-2027 година.

Преку својата Програма за стипендии за студии од втор циклус, ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY, континуирано и доследно ги поддржува студентите од последната година од прв циклус студии или дипломираните студенти кои се стекнале со високо образование и сакаат да го продолжат своето образование стекнувајќи дополнително знаење и специјализација во области поврзани со активноста на Компанијата.

За академската 2026-2027 година, ќе бидат доделени до 2 стипендии за редовни студии со максимално времетраење од две години, за стекнување на диплома за завршени студии од втор циклус, на универзитети во Република Северна Македонија, во земји низ Европа, Северна Америка и Австралија, во следните научни области: 

Инженерство и енергетика:

  • Трансформација на енергија
  • Обновливи извори на енергија
  • Алтернативни технологии - Возила - Горива - Одржлив транспорт
  • Напредни енергетски материјали за производство и складирање на енергија
  • Нафтено инженерство итн.

 

Дигитална трансформација:

  • Програмирање
  • Мрежи и комуникации
  • Анализа на податоци и вештачка интелигенција
  • Сајбер безбедност
  • Интелигентна автоматизација-роботика, итн.

 

Животна средина:

  • Управување со животна средина
  • Екосистеми
  • Климатски промени
  • Одржлив развој
  • Паметни градови
  • Локален развој, итн.

 

Економија и менаџмент:

  • Енергетска економија - Биоекономија - Циркуларна економија
  • Енергетски мрежи и енергетска геополитика
  • Управување со енергетски проекти
  • Маркетинг - Комуникации - Односи со јавноста - Политичка комуникација
  • Правни студии (енергетско право, право и информатичка технологија)
  • Управување со човечки ресурси, итн.

ОПШТИ БАРАЊА

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве барања:

1. Да бидат државјани на Република Северна Македонија по националност или потекло или да поседуваат важечка дозвола за престој во Република Северна Македонија за време на постдипломските студии.

2. Да бидат под 30 години (родени по 31.12.1995 година). Кандидатите со докажано професионално искуство во области поврзани со предвидените студиски предмети можат да аплицираат за стипендија под услов да не се постари од 32 години (родени по 31.12.1993 година).

3. Да бидат дипломирани студенти на универзитетите во Република Северна Македонија или да имаат на еквивалентни дипломи од образовни институции во странство.

4. Да поседуваат диплома од високообразовна институција во Република Северна Македонија со минимална оценка од 8/10 или диплома од странски универзитет со оценка еквивалентна на 8/10 .

5. Секој кандидат кој не го постигнал горенаведениот успех може да аплицира, но просечната оценка на кандидатот треба да биде во рамката на 10% од најдобрите студенти во годината на дипломирање.

6. Кандидатите мора да имаат писмена понуда од факултетот за постдипломските студии што имаат намера да ги следат или веќе се запишани на истите. Исто така, може да се пријават и оние студенти кои веќе посетуваат / ја имаат завршено првата година од двегодишната постдипломска студиска програма и имаат постигнато висок просек на испитите од 1-ва година.

7. Сите апликации од вработени во Компанијата, како и нивните роднини од прв степен, нема да бидат прифатени.

8. Стипендиите се доделуваат само за редовни студии. Апликациите за вонредни студии или онлајн студии нема да бидат прифатени.

9. Датумот на почеток на користење на стипендијата се одредува според официјалниот датум на започнување на соодветната студиска програма. Стипендиите не се доделуваат ретроактивно.

11. Крајниот рок за поднесување на апликации е 18 мај 2026 година, без можност за продолжување на истиот. Сите апликации може да се пратат само електронски на следниот линк: https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Се повикуваат кандидатите да ги достават пријавите и следните дополнителни документи само по електронски пат на:   https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm

 

1. Најнова фотографија од кандидатот.

2. Фотокопија од лична карта или пасош.

3. Копија од уверението/дипломата со завршна оценка и потврда за детални оценки за сите години или потврда за детални оценки со просечна оценка до датумот на пријавување, која мора да биде најмалку 8/10. Дополнително, дипломираните студенти на странски универзитети се должни да испратат извадок од правилникот за студирање, во кој е наведена скалата за оценување на универзитетот на кој дипломирале.

За оние кои не ги исполнуваат критериумите за просекот наведени во ОПШТИТЕ БАРАЊА, потребна е потврда од секретаријатот на универзитетот дека нивната просечната оценка е во рамката на 10% од најдобрите студенти во годината на дипломирање.

Кандидатите кои аплицираат за стипендија за втора година од нивните постдипломски студии се должни да испратат потврда за детални оценки за сите испити од 1-ва година на нивните студии.

4. Потврда за запишување или писмо за прифаќање на програмата за втор циклус на студии, или копија од комуникацијата помеѓу кандидатот за стипендија и универзитетот со која се докажува дека неговата апликација е завршена.

5. Официјален документ (на пр. извадок од правилникот за студирање) во кој се наведува програмата, времетраењето (почетен и, доколку е можно, датум на завршување) и трошоците за школарина за планираните студии.

6. Препораки од професори на универзитетот каде што кандидатот ги завршил студиите. Препораките мора да бидат соодветно потпишани. Потврда за претходно вработување на кандидатот, под услов тоа работно искуство да е предуслов за прием на универзитетот каде што кандидатот планира да студира, или кандидатот да надминува 30 години и неговото претходно работно искуство да е релевантно за програма за постдипломски студии за која аплицира за стипендија.

7. Детална и ажурирана биографија на англиски јазик. Стипендиите, наградите и познавањето на странски јазици наведени во биографијата мора да бидат потврдени со официјални документи.

8. Уверение за состојба на остварен доход за родителите и/или кандидатот за финансиската 2025 (или 2024 година доколку потврдата за 2025 година сè уште не е издадена). Доколку кандидатот не е должен да поднесе даночна пријава, тој мора да приложи соодветна изјава заверена на нотар во согласност со законите на Република Северна Македонија.

9. Виза F1/J1 или друг еквивалентен документ за кандидати кои веќе студираат во САД и/или земја за каде е потребен таков документ и аплицираат за стипендија за да ги продолжат студиите таму.

10. Потврда за семеен статус. Незадолжително, кандидатите може да наведат лични информации за нивната лична состојба што сметаат дека се релевантни за Комисијата за евалуација, на пр. невработеност, инвалидитет, член на големо семејство итн., и да достават соодветен документ за да го докажат тоа.

ПОСТАПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Кандидатите мора да ја поднесат својата апликација на онлајн платформата на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm најдоцна до 18 мај 2026 година.

Кандидатите може да ги испратат сите дополнителни документи по електронски пат на scholarships.rnm@helpe.gr  наведувајќи го во насловот соодветниот референтен број, кој ќе го добијат електронски веднаш по поднесувањето на нивната апликација.

Кандидатите можат да аплицираат само за една од четирите области (Инженерство и енергетика, Економија и менаџмент, Дигитална трансформација, Животна средина).

Само апликациите што ги исполнуваат сите услови од овој Конкурс ќе бидат вклучени во процесот на евалуација.

 

ПОСТАПКА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Комисијата за евалуација, составена од менаџери на Компанијата, по сопствено убедување, врз основа на критериумите на конкурсот, ќе ги повика кандидатите на онлајн интервју, а по избор на најуспешните ќе достави конечен список со предложени стипендисти до менаџментот на Групацијата.

 

Менаџментот на компанијата по свое сопствено убедување ќе одлучи за изборот на стипендистите и бројот на стипендии што ќе се доделат во секоја научна област, во зависност од квалификациите, разликите и потребата за финансиска поддршка на кандидатите. Одлуките на менаџментот не подлежат на приговори или жалби.

Резултатите од евалуацијата ќе бидат објавени во август 2026 година.

Резултатите ќе бидат објавени на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm и https://www.okta-elpe.com/

Секој кандидат ќе биде известен за резултатите преку електронска пошта.

ФИНАЛНА ФАЗА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИТЕ

Процесот на доделување на стипендиите завршува со потпишување на договорот за доделување на стипендијата.

По објавувањето на резултатите за стипендијата, стипендистот нема право да ја менува наставната програма за која аплицирал, освен по основа на виша сила, која Комисијата за евалуација и менаџментот на компанијата ќе ја оцени како издржана. 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

Датумот за почеток на користење на стипендијата е дефиниран врз основа на официјалниот датум на почеток на студиите.

Вкупното времетраење на стипендијата не може да го надмине минималното времетраење на студиите наведено во студиската програма на универзитетот на кој е примен кандидатот. Максималното времетраење на стипендијата е две години, без можност за продолжување.

Стипендијата може да се суспендира на барање на стипендистот за период пократок од 9 месеци, доколку постојат сериозни причини за тоа.

Менаџментот на ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY, ќе одлучи, по свое убедување, да ја отповика или дури и трајно да ја прекине стипендијата, во случај на незавршување или прекинување на студиите од страна на стипендистот или во случај кога раководството на компанијата има сериозни основи за тоа (напредокот на студиите, морални квалитети на стипендистот и сл.).

 

ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА И ИСПЛАТА

Стипендиите ја покриваат школарината и, во одредени случаи ќе се додели дополнителна финансиска поддршка за трошоците за живот, во согласност со следните услови:

Студии во Република Северна Македонија

1. Стипендијата покрива трошоци за школарина до вкупен износ од 2.000 евра.

2. За програмите за втор циклус на студии со школарина до 2.000 евра, може да се додели дополнителна финансиска поддршка за делумно покривање на трошоците за живот, во износ од 200 евра месечно, под услов да се исполнети следниве барања:

• Исполнување на критериумите за минимален приход, како што е дефинирано во последното Истражување за приходите на домаќинствата и условите за живот спроведено од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија*.

• Универзитетот да е на повеќе од 50 километри оддалеченост од постојаното живеалиште на кандидатот.

Студии во странство

1. Стипендијата покрива трошоци за школарина до вкупен износ од 5.000 евра.

2. За програмите за втор циклус на студии со школарина до 2.000 евра, може да се додели дополнителна финансиска поддршка за делумно покривање на трошоците за живот, во износ од 600 евра месечно, под услов да се исполнети следниве барања:

• Времетраењето на студиите не треба да биде пократко од девет месеци. Времетраењето на стипендијата се пресметува врз основа на минималното времетраење наведено во прописите за студирање за одредената година и програма.

*Истражувањето за 2024 година е достапно тука. Во случај да бидат објавени ажурирани податоци за 2025 година, тие ќе бидат земени предвид при евалуацијата на апликациите.

 

ОБВРСКИ НА  СТИПЕНДИСТИТЕ

Стипендистите ги преземаат следните обврски:

1. Да ги испратат нивните детални оценки веднаш по објавувањето на резултатите од секој семестар (официјален документ).

2. Да испратат извештај за напредокот за секој семестар од студиите.

3. По завршувањето на студиите од втор циклус, да испратат копија од дипломата, завршен извештај за научните достигнувања и активности и нивната програма за следните неколку години.

4. Да го споменат нивниот статус како стипендисти на ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY во нивната биографија, во секоја научна комуникација или проект кој се реализира во текот на студиите, како и во нивните завршни тези.

5. По завршувањето на студиите и во разумен временски период, да достават копија од насловната страница на нивната теза и внатрешните страници каде се споменува стипендијата на ОКТА АД – Скопје, членка на HELLENiQ ENERGY.

6. Се согласуваат, по завршувањето на студиите, да бидат вработени во Компанијата, доколку тоа биде побарано и под услов да не постои практична пречка од нивна страна, лична или професионална, која мора да ја потврдат со соодветен документ.

7. Да се регистрираат во глобалната заедница на стипендисти на HELLENiQ ENERGY, која има за цел нивно меѓусебно поврзување, поврзување на ниво на Групацијата, размена на искуства и знаење како и создавање можности за професионален и личен развој.  

8. Да доставуваат писмени информации за нивниот академски или професионален напредок на годишно ниво, во период од три години по завршувањето на стипендијата.