Обожаватели тврдат дека ова е најдобрата серија на „Нетфликс“ за оваа година

Обожаватели тврдат дека ова е најдобрата серија на „Нетфликс“ за оваа година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Aко сте во потрага по нова содржина на „Нетфликс“ што ќе ве воодушеви, „Неортодоксна“ (Unorthdox) е мини-серија што ќе ви се допадне.

Базирана е на мемоарите на Дебора Фледман и, невообичаено за современата телевизиска индустрија, се занимава со маргинализираната еврејска група Сатмар во Њујорк. Несекојдневната приказна што ја следи Етси, која бега од екстремистичкиот верски систем, е многу повеќе од критика на малите верски заедници. Серијата ги запознава гледачите со двете страни на паричката.

Еврејската заедница Сатмар ги влече корените од Унгарија. По Втората светска војна, силното религиозно и национално уверување основало религиозен круг што целосно се дистанцирал од остатокот од светот со намера преку обединување и слога да ја надомести изгубената човечност во војната, пред сè, со раѓање.

Мажите во заедницата се тргаат настрана од модерниот живот и технологијата, додека жените служат само за репродукција и ништо повеќе. Животот на младата Етси се прикажува од два агли - животот по бегството во Германија и нејзиниот живот во заедницата Сатмар.

Серијата стана голем хит.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube