Пристигна тизерот за трилерот „Верити“, базиран на бестселерот на Колин Хувер

Пристигна тизерот за трилерот „Верити“, базиран на бестселерот на Колин Хувер

Објавен е првиот тизер за долгоочекуваниот психолошки трилер „Верити“, во кој главните улоги ги толкуваат Ен Хатавеј и Дакота Џонсон. Филмот ќе биде прикажан во кината во октомври и се очекува да биде еден од поголемите хитови на крајот од годината. Снимен е според истоимениот бестселер на Колин Хувер од 2018 година.

Филмот, најавен како „заводлив психолошки трилер“, ја следи пропаднатата писателка Лоуен Ешли која ја глуми Дакота Џонсон, која е ангажирана од сопругот на познатата авторка Верити Крафорд (Ен Хатавеј). Лоуен се сели во изолираниот имот на семејството Крафорд за да пишува во име на Верити, но новата работа носи и опасни последици.

Откако Лоуен открива нешто што изгледа како вознемирувачки автобиографски белешки на Верити, таа се соочува со шокантни и искривени признанија поврзани со сопругот Џереми (Џош Хартнет). Лоуен се бори да открие што е вистина, а што манипулација, додека заканата околу неа станува сè поопасна.

Тизерот започнува со сцена во која Лоуен ја набљудува Верити додека спие, а потоа се приближува кон Џереми. По страстен бакнеж, таа е шокирана кога на негово место ја гледа Верити, која ја каснува за усна, по што Лоуен вреска. Остатокот од тизерот прикажува сцени полни со страст и интриги.

Режисер на филмот е Мајкл Шоуолтер, кој претходно соработувал со Хатавеј на филмот „Идејата за тебе“ (2024). Сценариото го адаптира Ник Антоска, а покрај главните актери, во филмот играат и Брејди Вагнер, Асел Свонго и Даниел Ечеварија.

Премиерата е закажана за 2 октомври.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube