Научниците открија каде живее стресот во човечкиот мозок

Научниците открија каде живее стресот во човечкиот мозок

Подготвил: Тамара Гроздановски

Живееме во стресни времиња, нема сомнеж во тоа. Но, додека субјективната сензација за стресот е сеприсутна и навидум неизбежен елемент на човечката состојба, сè уште постојат многу работи што не ги знаеме, а се поврзани со нашите чувства.

Кога доживуваме физиолошки стрес како што е болка, глад или некој друг непосреден физички стрес - хипоталамусот предизвикува производство на хормони наречени глукокортикоиди, помагајќи во посредувањето на нашиот одговор на стресот.

Но, што е со субјективниот стрес, за кој инаку би можеле да го сметаме како емотивен или психолошки стрес: каде во мозокот постојат тие негативни чувства на притисок, вознемиреност?

Научниците не знаат со сигурност, но претходните истражувања покажаа дека субјективните или емотивните чувства на стрес не се секогаш поврзани со физиолошкиот стрес, посочувајќи дека невробиолошкото потекло на стресот може да лежи на друго место.

Што се однесува до тоа каде може да биде, многу докази и кај животните и кај луѓето укажуваат на механизми кои го вклучуваат хипокампусот - регион на мозокот кој помага во регулирање на меморијата, емоциите и навигацијата. Додека врските на хипокампусот со стресот се многу проучени, природата на оваа врска останува нејасна.

stres
Фото: Unsplash

Во едно ново истражување, научниците од универзитетот Јеил разгледале што се случува овде, давајќи ни нова перспектива за тоа како функционираат невролошките основи на стресот во човечкиот мозок.

Истражувачите регрутирале 60 здрави возрасни лица и им покажале серија на високо одбивни и заканувачки слики дизајнирани да создадат форма на реакција на стрес (како што се лутина, гадење, страв и тага) заедно со разни неутрални сцени дизајнирани да им помогнат да се релаксираат.

За време на експериментот, на учесниците им била мерена нивната мозочна активност со функционално снимање со магнетна резонанца и биле рангирани колку чувствуваат стрес или колку биле возбудени со секој сет на фотографии.

Кога тимот ги анализирал резултатите, откриле дека повисока активност што го поврзува хипокампусот со хипоталамусот, парехипокампилниот кортекс и инфериорен темпорален лобус кореспондирале со чувството на стрес на учесниците.

Како што објаснуваат истражувачите, ова беше пример за позитивна мрежа во однос на експериментот, каде поголема активност е еднаква на поголемо ниво на стрес.

Од погледот на нештата, нивото на стрес на луѓето во целина се одредува со адаптивно дејствување на активност помеѓу овие две мрежи, кои комбинираат и за поттикнување и за ублажување на тоа колку се чувствуваат под стрес.

- И покрај различните улоги на овие мрежи, нашите наоди сугерираат дека поединците ги активирале и позитивните и негативните мрежи прилагодливо за да го ослабат чувството на стрес - објаснуваат истражувачите во нивното истражување.

- Учесниците имаа поголема поврзаност со негативните мрежи, но истовремено имале помала поврзаност со позитивните мрежи - додаваат тие.

Додека ние сè уште имаме многу да научиме за тоа како хипокампусот го регулира стресот, истражувачите велат дека откривањето на овие функционални нервни мрежи може еден ден да помогне во развојот на идните третмани за стрес.

- Овие наоди можат да ни помогнат да ја прилагодиме терапевтската интервенција на повеќе цели, како што се зголемување на јачината на врските од хипокампусот до фронталниот кортекс или намалувањето на сигнализацијата до центрите за физиолошки стрес - објаснува постар истражувач и невронаучник Рахита Сина.

Извор: Science Alert