Авантурист открива која е најстрашната земја: „Никогаш не сум бил толку исплашен“

Авантурист открива која е најстрашната земја: „Никогаш не сум бил толку исплашен“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Американскиот јутјубер и авантурист Дру Бински последните 10 години патува и посетил дури 197 земји низ целиот свет.

Бински ги посетил повеќето европски земји повеќе од три пати, што го поттикнало да направи листа со земји во Европа, од неговата омилена до неговата најмалку омилена.

Филипините се нашле на првото место како најубава земја во светот, според него. Сепак, тој открил и кое е најстрашното место што некогаш го посетил.

„Никогаш во животот не сум бил поисплашен“

Од средба со канибали на островот Папуа до навигација низ „најтесниот град во светот“ во Кина, Бински поминал низ разни предизвици во текот на неговите патувања. Сепак, оној што му оставил најголем белег е патувањето до Нџамена, главниот град на Чад.

Тој ја смета за најстрашната земја што некогаш ја посетил, без сомнение. Го објавил својот извештај за своето патување во Чад и неговиот главен град уште во 2018 година.

-Никогаш во животот не сум се чувствувал поисплашен, загрозен или нападнат (вербално и физички) отколку во тој жежок, прашлив, запуштен, пуст град – рекол тој подоцна.

Бински тврдел дека бил вклучен во катастрофална полициска потера со мотор и нападнат од над десет луѓе затоа што се обидел да фотографира.

- Да не беше мојот локален пријател висок два метра, не сум сигурен дека ќе излезев жив од таа земја, не се шегувам! - објаснил тој.

 

Кој е Дру Бински?

Веројатно еден од најстрасните патници на нашето време, родум од Аризона, а патува низ светот повеќе од една деценија, носејќи ги своите претплатници на „Јутјуб“ на секоја авантура. 34-годишникот собрал повеќе од пет милиони следбеници и го заменил својот предизвик да ја „посети секоја земја во светот“ со нова цел - да се сретне со секој претседател, лидер или шеф на држава.

Бински, исто така, држи два Гинисови рекорди: едниот за посета на најмногу места на УНЕСКО за 24 часа, а другиот за најбрзо пакување куфер. Минатата година тој ја објави книгата „Само оди“, во која ги запишал своите приказни во писмена форма.

Извор: index.hr

Фото: YouTube screenshot