Четири бронзени медали и една пофалница за македонскиот тим на 7. Балканска олимпијада по физика
На 7. Балканска олимпијада, што се одржува од 26-30 јуни во Охрид, во конкуренција на 62 учесници од 16 држави од Балканот и пошироко, тимот од Македонија освои четири бронзени медали и една пофалница, соопштија од Друштвото на физичарите на Македонија.
Бронзени медали освоија Андреј Тасиќ (I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје), Елена Јовановиќ (II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје), Андрија Младеновиќ (II година, ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје) и Даниел Христовски (II година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје).
Пофалница доби Јаков Геговски (I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје).
Водачи на тимот беа проф. Станиша Велковиќ, член на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и поранешен учесник на олимпијада по физика, и Јан Стојановски, студент на Институтот за физика при УКИМ и поранешен олимпијец.
Фото: ДФРМ