Магијата на поларната светлина - лов на аурората на Арктикот

Магијата на поларната светлина - лов на аурората на Арктикот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Фотографот Денис Лехтонен посветил години од својот живот на фотографирање на поларната светлина низ Арктикот. Тој живеел во оддалечени делови на финска Лапонија, северно од Арктичкиот Круг, и се движел низ селата Сала, Соданкулa и Килписјарви за да ја улови природната магија на поларната светлина.

За да стигне до најдобрите места за фотографирање, Лехтонен користел евтин велосипед, дури и во зимските месеци, следејќи патеки од возилата за снег кои го стегаат снегот и овозможуваат пристап до непристапни предели.

Иако аурората најчесто е зелена, Денис успеал да „улови“ и розови, црвени и сини бои, како и необични форми како спирали или силуети на животни.

Покрај фотографирањето, активностите како возење велосипед и прошетки во длабок снег му овозможувале и физичка активност, додека секоја нова слика го инспирирала да ја истражува природата на најоддалечените региони на Арктикот, како Алјаска, Нунавут и Сибир.







Извор: Peta Pixel
Фото: Dennis Lehtonen/Instagram