„Одисеја“ стана најуспешниот филм со ознака R во историјата

„Одисеја“ стана најуспешниот филм со ознака R во историјата

„Одисеја“, блокбастерот на Кристофер Нолан, официјално стана филмот со ознака R со најголема заработка во историјата - 1,352 милијарди долари. Со тоа го надмина рекордот што во 2024 година го постави филмот „Дедпул и Вулверин“ со заработка од 1,338 милијарди долари.

„Одисеја“ пристигна во кината на 17 јули и во првиот викенд во САД заработи 123 милиони долари, а оттогаш остана голем хит.

Адаптацијата на епот на Хомер со огромен буџет досега заработи 516 милиони долари во САД и 835 милиони долари на меѓународниот пазар – огромен резултат за кој било филм, а особено за речиси тричасовна авантура со ознака R сместена во античкиот период.

Голем дел од успехот на „Одисеја“ се должи на проекциите во форматот ИМАКС, кои донесоа 354 милиони долари приходи. „Одисеја“ е петтиот филм годинава, а дури третиот филм со ознака R во историјата, по „Џокер“, кој ја надминал границата од една милијарда долари заработка.

Меѓу многуте други рекорди, „Одисеја“ стана и најуспешниот филм на Нолан досега, надминувајќи го „Подемот на Темниот витез“ од 2012 година, кој заработи 1,08 милијарди долари.

Филмот стана најуспешното ИМАКС остварување во историјата, надминувајќи го „Аватар“ од 2009 година, кој во овој формат заработи 271 милион долари.

Во „Одисеја“, Мет Дејмон го глуми Одисеј, кралот на Итака, а филмот го следи неговото навидум бескрајно и опасно патување до дома по Тројанската војна. Покрај Дејмон, во актерската екипа се Том Холанд, Ен Хатавеј, Роберт Патинсон, Лупита Њонго, Зендаја, Шарлиз Терон, Елиот Пејџ, Џон Бернтал и Џон Легуизамо.

 

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube