Зошто такси-возилата во Германија се во крем-боја?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Такси-возилата во Германија се во крем-боја, но не било отсекогаш така.
Првично, такси-возилата во Германија биле црни. Меѓутоа, тоа се променило кон крајот на 1971 година. Такси-возилата во многу земји се жолти, во некои се црвени или светлосини, додека во некои земји воопшто нема регулативи.
За новата боја одлучил тогашниот сојузен министер за транспорт Георг Лебер, а првично требало да биде „слонова коска“. По петгодишниот преоден период, сите црни такси-возила требало да се повлечат од германските улици, што и се случило.
Која била причината за оваа одлука?
Нечистотијата и дамките не паѓале в око толку брзо на крем-боја отколку на црна боја, па такси-возилата изгледале поуредно. Освен тоа, ова било период кога не постоела клима во автомобилите, па било доста жешко во црните такси-возила.
Сепак, уште поважно е тоа што крем-бојата, за разлика од црната, дотогаш не се користела за личните автомобили. Како и да е, се чини дека една од големите грижи на Лебер била решена, бидејќи тој успеал да ја зголеми безбедноста на патиштата во такси-возила со крем-боја.
Извор:
b92.net
Фото:
Wikipedia