7. Германско-македонска конференција за контролинг на Хајделберг Факултетот во Скопје

7. Германско-македонска конференција за контролинг на Хајделберг Факултетот во Скопје

Денеска, со почеток во 9:30 часот, на Хајделберг Факултетот во Скопје ќе се одржи 7. Германско-македонска конференција за контролинг на тема „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка
интелигенција, дигитализација и преквалификација“.

На конференцијата свои обраќања и излагања, меѓу другите, ќе имаат: проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии; Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија; проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на Хајделберг
Факултет во Скопје; Елена Петрова, директорка на Управата за јавни приходи; Весна Прентоска, претседателка на Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС; проф. д-р Роналд Глајх, академски директор на Центарот за управување со перформанси и контролинг при Франкфуртската школа за финансии и менаџмент; проф. д-р Мајк Шулце, потпретседател и професор по контролинг, сметководство и финансиски менаџмент на CBS International Business School во Мајнц; проф. д-р Иван Шверко, раководител на управување со ризици во PBZ Invest, Хрватска.

Во рамките на конференцијата ќе се одржат и панел-дискусии посветени на сметководството, контролингот и технологијата, контролингот во банкарството и осигурувањето, како и контролингот во фабриките, со учество на претставници од домашни и меѓународни компании, банки и институции.

Панелот „Контролинг во фабриките“ ќе го модерира проф. д-р Синиша Наумоски, генерален менаџер на Хајделберг Факултет во Скопје.

Агендата на настанот е достапна на следниот линк: https://ibmhs.eu/7th-german-macedonian-controlling-conference/