78-годишна жена од Шкотска го држи Гинисовиот рекорд како најстар стример на „Фортнајт“

78-годишна жена од Шкотска го држи Гинисовиот рекорд како најстар стример на „Фортнајт“

Кет Боуи е сопственичка на Гинисовиот рекорд како најстара стримерка на „Фортнајт“, со кој ја запознал нејзиниот внук не верувајќи дека неговата баба ќе успее да привлече публика

Шкотланѓанката Кет Боуи почнала да игра „Фортнајт“ во 2017 година, кога споменатата игра била на врвот на славата. Со играта ја запознал нејзиниот внук, а откако му рекла дека има намера да почне да стрима, тој со сомнеж гледал на нејзините намери и се обидувал да ја одврати од таа замисла за да не се разочара бидејќи никој нема да ја следи. Како што вели оваа витална 78-годишна жена, тоа за неа било како мавтање со црвено знаме пред бик и била одлучна да му докаже на внукот дека такво нешто е остварливо.

Девет години подоцна, Боуи ја следат повеќе од 24.000 следбеници, а што се однесува до внукот, низ шега вели дека повеќе не ги споменува претходните сомнежи, со оглед на тоа што неодамна стана сопственичка на Гинисовиот рекорд како најстара стримерка на Фортнајт. Во интервју за „Би-би-си“ открила дека воопшто не ја интерсираат победи во играта, туку нејзиниот мотив е воден исклучиво од адреналинот и предизвикот.



- Единствената работа што ја сакам, а тоа е поради мојата природа, е да влезам (во играта) и да елиминирам луѓе. Најважно е тоа што низ сите овие години, секој ден, секоја недела, секој месец и секоја година продолжив да уживам во играњето и стримањето - вели Боуи.

Извор: bug
Фото: принтскрин/јутјуб