Филм инспириран од вистински настани за четири дена стигна до првото место на „Нетфликс“, оценките на критичарите прилично лоши

Филм инспириран од вистински настани за четири дена стигна до првото место на „Нетфликс“, оценките на критичарите прилично лоши

Новиот филм „Унабомбер“ на „Нетфликс“ ги освои гледачите за само четири дена од излегувањето, а стигна до првото место на листата со најгледани и покрај прилично лошите рецензии од критичарите.

Филмот „Унабомбер“ е биографски криминалистички трилер заснован на вистински настани за животот, психолошката трансформација и злосторствата на американскиот терорист Тед Качински.

Приказната се одвива низ две испреплетени временски линии. Еден дел од дејството го истражува помладиот Качински, математички гениј кој на само 16 години се запишува на „Харвард“. Тој сегмент детално ги прикажува неговите рани години и учеството во контроверзните и агресивни психолошки експерименти на професорот Хенри Мареј, водени под закрила на тајните истражувања поврзани со проектот на ЦИА, „МК-Ултра“, што оставило трајни последици врз неговата психичка состојба и поглед на светот.

Паралелно со тоа, филмот го прикажува подоцнежниот период во кој Качински живее изолиран во дрвена колиба во Монтана и изведува серија бомбашки напади по пошта насочени кон универзитетите, научниците и авиокомпаниите. Од таа перспектива е прикажана и обемната истрага на ФБИ, како и профилирањето засновано врз анализата на неговиот радикален антитехнолошки манифест.

Во филмот „Унабомбер“ главните улоги ги толкуваат Џејкоб Тремблеј, кој го глуми помладиот Тед Качински, и Анеурин Барнард во улогата на постариот Тед. Професорот Хенри Мареј, кој ги води контроверзните експерименти на „Харвард“, е прикажан во изведба на Расел Кроу.

Рецензиите на критичарите на „Ротен томејтос“ за филмот се исклучително негативни, па филмот има оценка од едвај 23 отсто од критичарите, додека оценката на публиката е нешто подобра - 51 отсто.

 

Топ-листа на најгледани филмови на „Нетфликс“

Критичарите истакнуваат дека двете паралелни приказни, раните години на „Харвард“ и подоцнежната потера на ФБИ никогаш не се спојуваат во смислена и поврзана целина. Врската помеѓу траумите од експериментите и неговиот подоцнежен тероризам е прикажана површно и многу едноставно.

- Досадната и долготрајна драма „Унабомбер“ се обидува да го прикаже серискиот убиец Тед Качински како симпатична и несфатена жртва на психолошки експерименти - вели Карла Хеј за „Калчр микс“.

1
Фото: Flixpatrol

- Гледајќи го „Унабомбер“, човек копнее за побистра, пософистицирана и поистражувачка верзија од овој ист двоен чин - наведува Ричард Лосон за „Холвуд репортер“.

Повеќето рецензии наведуваат дека филмот е невешт и без инспирација, не успевајќи да понуди впечатлив психолошки портрет, ниту пак возбудлив трилер, и покрај тоа што се занимава со историски фасцинантна тема.

Извор: Klix.ba
Фото: Magnific