Овој астероид вреди повеќе од глобалната економија

Овој астероид вреди повеќе од глобалната економија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Вселенскиот телескоп „Хабл“ фотографирал астероид кој претставува еден од највредните астероиди за кои знаеме дека постојат. Вредноста на астероидот Сајки се проценува на 10 трилиони долари. За споредба, глобалната економија била вредна околу 142 билиони долари во 2019 г.

Што го прави астероидот толку вреден? За почеток, тој е огромен - широк е околу 225 километри. Освен тоа, неговиот состав е чист метал, што е многу ретко за еден астероид.

Како што објаснува Трејси Бекер, планетарен научник од Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио, Тексас, порано биле откриени метеорити што се претежно составени од метали, но астероидот можеби е уникатен бидејќи е составен од железо и никел. Астероидот се наоѓа на околу 370 километри од Земјата и е едно од најголемите тела во главниот астероиден појас во Сончевиот Систем, што кружи помеѓу Марс и Јупитер.



Поради неговата густина и составот, научниците претпоставуваат дека астероидот е „протопланета“, односно остаток од јадро на планета што не се формирала во целост. Многу планети, вклучувајќи ја и Земјата, имаат метално јадро, најчесто составено од железо и никел. Бекер смета дека астероидот можеби бил погоден од друго вселенско тело во текот на неговото формирање.

НАСА планира да испрати вселенско летало до астероидот кое треба да стигне до него во 2026 г. Леталото ќе помине 21 месец околу астероидот.

Автор: Габриел Олија
Извор: gobankingrates.com
Насловна фотографија: Twitter