Во Австралија откриен корален гребен повисок од „Емпаер стејт билдинг“

Во Австралија откриен корален гребен повисок од „Емпаер стејт билдинг“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Големиот Корален Гребен во Австралија е откриен корален гребен висок 500 метри, повисок од „Емпаер стејт билдинг“ и од највисоката кула во Сиднеј.

Научниците од океанскиот институт „Шмит“ го објавиле откритието во понеделникот. Ова е прво вакво откритие во последните 120 години.

Огромната подводна структура била откриена на 20 октомври од страна на австралиски научници на бродот „Фалкор“, кој во моментов е на едногодишна мисија за истражување на океанот. Венди Шмит, една од основачите на Институтот „Шмит“, вели дека неочекуваното откритие потврдува дека луѓето продолжуваат да наоѓаат непознати структури и видови во океаните.

Групата во живо го пренесувала истражувањето на гребенот со помош на подводен робот, а видеото е достапно подолу. Истражувачите ќе продолжат да го истражуваат Големиот Корален Гребен до 17 ноември.


Автор: Гејл Фашингбауер Купер
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: YouTube screenshot