Не мора да вклучувате греење: Експерт открива трикови за топли ноќи и пониска сметка
Повеќето луѓе го исклучуваат централното греење навечер за да заштедат енергија или да избегнат прегревање на домот. Но, студените ноќи значат непријатност, па затоа многумина бараат паметни и лесни начини да бидат стоплени без да го вклучуваат греењето. Од избор на соодветна пижами до практични домашни трикови, постојат многу начини да ги направите вашите ноќи поудобни и потопли.
Кет, која редовно создава содржина со стратегии за заштеда на пари, објавила видео на „Тик-ток“ во кое открива шест методи што ги користи за да остане стоплена во текот на постудените месеци без користење централно греење.
Првото нешто што го предложила е користење потопла постелнина. Кет советува да се префрлите на фланелски чаршафи, објаснувајќи дека овие материјали се многу поефикасни во задржувањето на топлината во споредба со алтернативите од памук или лен. Постелнината направена од ваква ткаенина може да го направи вашиот кревет потопол веднаш штом ќе легнете. За оние што бараат дополнителна топлина, Кет предлага користење електрични ќебиња.
Можете да инвестирате и во подебела прекривка, па затоа Кет советува да размислите за купување прекривка со поголема густина. Исто како и со постелнината, и вашите пижами треба да се направени од потопла ткаенина, како волна. Бидејќи значителна количина телесна топлина често излегува низ вашите стапала, облекувањето топли чорапи пред спиење може да ви помогне да останете стоплени.

Шишињата со топла вода се евтин и ефикасен начин да се стоплите или да го загреете креветот. Сепак, клучно е да ги користите безбедно. Производителите генерално препорачуваат замена на шишињата со топла вода на секои две до три години, веројатно од безбедносни причини, како и мешање на топла и ладна вода во шишето како мерка на претпазливост против кршење или истурање. Конечно, Кет предлага да ставите голем килим во спалната соба.
Иако ова може да изгледа како значителен трошок, ќе помогне да се задржи топлината во просторијата. Килимот дејствува како изолатор, задржувајќи го воздухот во своите влакна за да го забави губењето на топлината од подот и да спречи провев. Ова е особено ефикасно кога се комбинира со квалитетна подлога, што дополнително го намалува губењето на топлина и обезбедува поудобно, топло чувство под нозете, во споредба со тврдите површини како плочки или паркет.
Извор: vecernji.hr
Фото: Freepik