Чекор по чекор до сигурна иднина: Пензионерската патека на Средно Водно доби едукативно-информативни табли

Чекор по чекор до сигурна иднина: Пензионерската патека на Средно Водно доби едукативно-информативни табли

КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, преку кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, ја поврзуваат грижата за пензиската иднина со активниот живот и одговорното планирање.

Познатата рекреативна пензионерска патека на Средно Водно доби нови едукативно-информативни табли, поставени во рамките на кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, која се реализира како дел од платформата „Засади желба“, веќе шеста година по ред.



Преку оваа иницијатива, патеката на Водно добива дополнителна вредност како симболичен потсетник дека сигурната иднина се гради чекор по чекор, преку одлуките што ги носиме денес. Поставените информативни табли ја поврзуваат идејата за континуирано движење напред со процесот на долгорочно создавање пензиска заштеда, која се гради трпеливо и одговорно низ годините. Како што секој поминат метар води поблиску до врвот и наградата што ја носи погледот од него, така и секоја навремена одлука за штедење придонесува кон поголема финансиска сигурност и мирна иднина во пензионерските денови.



На настанот по повод поставувањето на едукативно-информативните табли на пензионерската патека на Средно Водно, присуствуваа претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС и претставници на трите пензиски друштва. Преку оваа иницијатива, пораките за пензиското осигурување се поставуваат во простор што граѓаните го користат за рекреација, со што темата станува дел од нивното секојдневие.

На настанот свое обраќање имаше и Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС, кој се осврна на значењето на финансиската писменост, навременото информирање за пензиското осигурување и улогата на ваквите иницијативи во подигнувањето на свеста кај граѓаните.

„Финансиската писменост е важна за секој од нас, бидејќи одлуките што ги донесуваме денес можат значително да влијаат врз нашата финансиска сигурност во иднина. Во таа смисла, пензиското осигурување има особено значење. Навременото информирање за функционирањето на пензискиот систем и за можностите што ги нуди капитално финансираното пензиско осигурување е важен чекор кон подобро разбирање на потребата од долгорочно планирање и обезбедување посигурна пензиска иднина“, истакна Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС.



Кампањата „Твоја патека, твоја иднина“ е заедничка иницијатива на КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво. Оваа година, активностите се надоврзуваат и на одбележувањето на 20 години реформиран пензиски систем, период во кој финансиската едукација и информираноста на граѓаните добиваат сè поголемо значење.

„Дваесет години реформиран пензиски систем се две децении промени, развој и градење свест за важноста на финансиската сигурност. Но, нашата улога не е само да управуваме со пензиските заштеди. Таа е и да бидеме дел од заедницата, да ја поттикнуваме финансиската едукација и да ги охрабруваме луѓето навреме да размислуваат за својата иднина. Шеста година по ред, преку кампањата „Засади желба“, трите пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, продолжуваат да ја пренесуваат истата важна порака: иднината што ја посакуваме ја градиме со одлуките што ги носиме денес. Оваа година, пораката ја носиме на Водно, на познатата Пензионерска патека – место за прошетка, рекреација и уживање во природата, кое го претвораме во простор за едукација и инспирација. 

Преку едукативни пораки, интерактивни QR-кодови и интересни содржини на порталот www.penzija.mk, посетителите ќе можат да откријат повеќе за важноста на пензиското планирање и финансиската сигурност“, истакна Иван Стојановиќ, втор генерален директор и член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, претставник на Асоцијацијата на пензиски друштва на Северна Македонија.



По официјалниот дел од настанот, присутните имаа можност да се приклучат на заедничко искачување по пензионерската патека и одблизу да ги погледнат поставените табли.

Со оваа активност, трите пензиски друштва продолжуваат да ја развиваат платформата „Засади желба“ и да ја пренесуваат пораката дека грижата за пензиската иднина не е еднократна одлука, туку процес што се гради постепено, чекор по чекор.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.



(Комерцијална објава)