Имплант што ги претвора мислите во текст

Имплант што ги претвора мислите во текст

Имплантот „Брејн-Гејт 2“ е уред кој се вградува во мозокот и може да ги претвори мислите во текст, при што се користи немодификуван таблет. Ова е особено корисно за лица со попреченост кои имаат проблеми со комуникацијата или страдаат од некоја невролошка болест.

Уредот работи со помош на микроелектроди кои, вградени во мозокот, работат како еден вид сензори. На екранот ја има азбуката и доволно е лицето што е целосно парализирано со погледот да се задржи на одредена буква, па чипот „ги чита“ невронските сигнали и сето тоа во реално време го пренесува на екранот.

Овој принцип компанијата „Сајберкинетикс“ од Чикаго го развива уште од 2009 година. Но, сега тоа оди малку подалеку. Една учесничка во експериментите дури успеала да отсвири мелодија на дигитален клавир.

 - Таблетот ми стана втора природа со својата интуитивност - прокоментира испитаничката.

Чипот може многу да помогне за независноста на лицата што се парализирани и не можат да комуницираат, сметаат научниците од проектот.

Извор: МИА