На 11 ноември се тресела цела планета, но никој не знае зошто

На 11 ноември се тресела цела планета, но никој не знае зошто

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Станиците за мерење сеизмичка активност во светот на 11 ноември годинава во 9:30 часот забележале таинствени вибрации.

Мерните станици во Замбија, Кенија, Етиопија, Чиле, Нов Зеланд, Канада и во Хаваи забележале вибрации што започнале на 24 километри оддалеченост од островот Мајот, кој се наоѓа меѓу Африка и Мадагаскар, и траеле подолго од 20 минути.

Вибрациите биле забележани само од сеизмолог-аматер додека ги следел американските агенции за геолошки мерења. Податоците ги објавил на „Твитер“.

Научниците од цел свет се запрашале што ја предизвикало оваа необична активност.

остров

- Не можам да се сетам дали некогаш сум видел нешто слично. Но, тоа не значи дека вибрациите биле предизвикани од некоја необична појава - вели Горна Екстром, сеизмолог на Универзитетот „Колумбија“ и специјалист за необични земјотреси.

Можеби не ги предизвикале невообичаени појави, но вибрациите што се прошириле низ светот се навистина необични. Експертите велат дека се зачудувачки монотони и дека ѕвонат на ниски фреквенции. И тоа е сè што кажуваат бидејќи моментално не знаат многу.

Кај нормалните земјотреси напнатоста што се собира во кората на Земјата се ослободува одеднаш, бидејќи тресењето трае неколку секунди. Брановите што по тресењето се шират од епицентарот се делат на примарни (компресиски) бранови, што се шират во групи, секундарни бранови, што се шират од страна до страна, и површински, кои се бавни и најмногу личат на оние што биле забележани на 11 ноември.

Но проблемот е што никаде не бил забележан земјотрес создаден од овие бранови. Со тоа, таинствените бранови што настанале во близина на Мајот се од монохроматска природа. Повеќето земјотреси создаваат бранови со цел спектар на фреквенции, но сигналот од Мајот бил чист „цикцак“ со кој доминирал еден тип на бран што се повторувал на секои 17 секунди.

- Замислете дека носите очила и дека гледате само црвена боја - вели консултантот за сеизмологија Ентони Ломакс.

Научниците велат дека вибрациите веројатно се поврзани со серија земјотреси што оваа година го погодиле Мајот. Овој остров до денес го погодиле стотици земјотреси. Повеќето биле мали, но еден беше од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Француската агенција за геолошко истражување сугерира дека во близина на островот се создава нов центар на вулканска активност. Мајот бил создаден како последица на вулкански активности, но овие вулкани не еруптирале повеќе од 4.000 години.

- Постојат многу работи што не ги знаеме, а епицентарот се наоѓа на самиот раб на нашите мапи. Во сигналите забележани од нашите мерни станици има нови работи - вели Николас Таилефер, шеф на единицата за процена на сеизмички и вулкански ризици.