ДЛУМ бележи 75 години постоење со голема изложба со 292 автори

ДЛУМ бележи 75 години постоење со голема изложба со 292 автори

Друштвото на ликовни уметници на Македонија одбележува голем и значаен јубилеј, 75 години, а по тој повод утре во Чифте амам и Мала станица, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена голема изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до денес. На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори. 

- Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј. На изложбата ќе бидат претставени дела на 292 автори, почнувајќи од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па сѐ до новата генерација која ја претставува иднината на ДЛУМ - стои во официјалното соопштение на ДЛУМ.

фото: ФБ-настан на ДЛУМ