Погледнете како е украсена Белата куќа за празниците

Погледнете како е украсена Белата куќа за празниците

Подготвил: Тамара Гроздановски

Белата куќа ги претстави своите божиќни и новогодишни украси, заедно со темата избрана од првата дама Џил Бајден, која својата инспирација ја нарече „Подароци од срце“.

Во секоја од јавните простории на Белата куќа, која останува затворена за посетители поради пандемијата, има индивидуално претставување на темата. Така, библиотеката, со украси од пеперутки го одразува „дарот на учење“, додека собата Вермеил го прикажува „дарот на визуелните уметности“ со божиќни венци изработени од четки натопени со боја.

Низ декорациите и украсите можат да се забележат и фотографии од претходните администратори, земени од архивите на Белата куќа: Кенедиеви, Клинтонови, Џонсонови, Реганови, а на задната страна на една од новогодишните елки има и мала фотографија на Доналд и Меланија Трамп.

Новогодишните и божиќните декорации низ бројки

- Во Белата куќа има вкупно 41 новогодишна елка.
- Приближно 1.800 метри украсна лента, над 300 свеќи и над 10.000 украси беа искористени оваа година за украсување на Белата куќа.
- Над 78.750 светилки ги украсуваат дрвјата и венците во Белата куќа.
- 25 класични венци ги красат северните и јужните фасади на Белата куќа.
- Беа потребни повеќе од 100 посветени волонтери кои работеле цела недела за да ги декорираат внатрешноста и надворешноста на Белата куќа.


Извор: CNN | Whitehouse.gov | Npr.org
Фото: Twitter