Пред да почне со работа кај британската кралица, секоја чистачка мора да го помине тестот со мртва мува

Пред да почне со работа кај британската кралица, секоја чистачка мора да го помине тестот со мртва мува

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сигурно знаете дека вработувањето во резиденцијата на британската кралица не е лесно. Освен што кандидатите мораат да поминат низ ригорозни интервјуа, менаџерката за вработување има и свој посебен трик.

Имено, на кандидатите што се пријавуваат за работното место чистачка таа им „подметнува“ мртва мува.

Појавувајќи се во документарниот филм „Сандрингам: Кралското семејство за Божиќ“, менаџерката за вработување во британскиот дворец, Трејси Ватерман, открива дека со помош на интересен трик ги елиминира сите полоши кандидати што аплицирале за работа во кралското домаќинство.

- Еден од тестовите што сакам да го правам, за да видам дали кандидатот има око за детали, е да ставам мртва мува или во каминот или на тепихот. Кога ќе ја ставам мувата, го носам кандидатот во собата. Откако ќе му дозволам да ја разгледа собата, го носам до каминот за да му се восхитува - раскажува таа.

- Во овој момент очекувам да ја види мртвата мува и се надевам дека ќе ја собере - додава таа.

- Еден од 10 луѓе ќе се наведне и ќе ја земе, а тоа е токму таа личност што ја бараме - вели Трејси. Таа додава дека разликата помеѓу чистачки во хотел со пет ѕвезди и во кралската палата е вниманието на деталите.

Сепак, стресот во процесот на интервјуто може да се исплати. Кога кралското домаќинство последен пат бараше работник во октомври минатата година, на успешниот кандидат му беше дозволено да живее во палатата и му беа покриени трошоците за храна и за патувања.

Извор: Lolamagazin.com
Фото: Wikipedia