Научниците напредуваат во создавањето универзална вакцина против грипот

Научниците напредуваат во создавањето универзална вакцина против грипот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Група научници велат дека напредуваат во создавањето вакцина која би штитела од сите 20 познати вида грип. Вакцината ја користи истата технологија мРНК како дел од вакцините против ковид-19.

Грипот мутира и затоа сега секоја година се произведува нова верзија на вакцината против него. Новата вакцина, која би била ефикасна против сите видови грип, создала многу антитела во експериментите на глувци и куни.

Таа содржи антигени, односно безбедни копии на делови од сите 20 познати видови вируси на грип, со кои го учи имунолошкиот систем како да се бори против вирусите.

Научниците се надеваат дека таа ќе го учи имунолошкиот систем да препознава и нови соеви кои би можеле да предизвикаат пандемија во иднина.

Според експертите, денешните вакцини против грип не заштитуваат од вируси со потенцијал да станат пандемија, а оваа вакцина би можела да го постигне тоа.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay