Ништо не пишува во тетратките на училиште, ја фаќа паника и се блокира
Ќерка ми има 9 години и е трето одделение. Поради леукемија, кога беше помала, ја чувавме дома и не одеше во градинка. Ѝ фали социјализација и потешко комуницира со децата од класот, а машките деца многу сакаат да ја нервираат зашто таа бурно реагира. На часовите речиси ништо не пишува, меѓутоа, учебниците се цели нацртани. Учителката вели дека иако не пишува, ја следи наставата и знае да одговори ако ја прашат. Веќе трета година зборуваме за тоа и ништо не се смени, само уште повеќе се нервира и веќе не сака да ми ги покажува тетратките. Како да се смири малку таа анксиозност. Јас мислам дека кога ќе види дека има многу за пишување, доживува паника дека нема да успее да заврши и сосема се блокира.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк