Универзитети на кои се плаќа партиципација со криптовалути

Универзитети на кои се плаќа партиципација со криптовалути

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои универзитети низ светот нудат курсеви за блокчејн-технологија и криптовалути, но некои веќе им дозволуваат на студентите да плаќаат партиципација со криптовалути.

Во САД, Универзитетот во Пенсилванија, Кралскиот колеџ во Њујорк и Интерконтиненталниот универзитет во Калифорнија примаат криптовалути за партиципација. Универзитетот во Пенсилванија го овозможува ова преку соработка со платформата „Коинбејз“, преку која ги менува криптовалутите во долари.


Фото: Pixabay

Сепак, плаќањето на партиципација со криптовалути е ретко низ светот. Универзитетот во Никозија, приватна институција на Кипар, им дозволува на студентите да плаќаат партиципација со биткоини од 2013 година.

Ова се други високообразовни институции што овозможуваат плаќање партиципација со криптовалути:

- Европска школа за менаџмент и технологија во Берлин, Германија;
- Бизнис-школа „Финансиа“ во Париз, Франција;
- Универзитет ФПТ во Виетнам;
- Бизнис-школа за иновација и претприемништво во Шпанија;
- Универзитет во Камбрија во Англија;
- Универзитет за применети науки во Луцерн, Швајцарија;
- Американски универзитет во Парагвај.

Извор: Best Colleges
Фото: Pixabay