Повеќето видеа на „Јутјуб“ се направени со вештачка интелигенција

Повеќето видеа на „Јутјуб“ се направени со вештачка интелигенција

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќе од 20 отсто од видеата што алгоритмите на „Јутјуб“ им ги препорачуваат на новите корисници се генерирани со вештачка интелигенција.

Истражувачите отвориле нов профил на „Јутјуб“ за потребите на анализата. Од првите 500 видеа што ги предложил алгоритамот, кај 104 било утврдено дека се неквалитетни креации направени со вештачка интелигенција.

Една третина од нив припаѓале на категоријата „труење на мозокот“ (brainrot), односно содржини дизајнирани да привлечат гледачи со нискоквалитетен ВИ-материјал.

Исто така, истражувањето анализирало 15.000 од најпопуларните јутјуб-канали во светот и утврдило дека 278 од нив објавувале исклучиво таканаречени „ВИ-слотс“ со цел да го зголемат бројот на прегледи.

Тие канали оствариле повеќе од 63 милијарди прегледи, 221 милион претплатници и околу 117 милиони долари годишен приход.

Извор: Atvbls.rs
Фото: Pixabay