Објавен трејлер за долгоочекуваното продолжение на хит-филмот со Џенифер Анистон и Адам Сендлер

Објавен трејлер за долгоочекуваното продолжение на хит-филмот со Џенифер Анистон и Адам Сендлер

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Конечно е објавен трејлерот за продолжението на филмот „Мистериозно убиство“. Четири години по првиот филм, Џенифер Анистон и Адам Сендлер се враќаат како Одри и Ник. Првиот филм постигна голем успех и беше еден од најпопуларните проекти во 2019 година.

Во првиот филм њујоршкиот полицаец Ник и неговата сопруга Одри одат на одмор во Европа за да го заживеат својот брак, но на крајот се обвинети за смртта на милијардер.

Откако ја решија мистеријата за смртта во првиот филм, во вториот дел Ник и Одри отвораат своја детективска агенција. Но, работите стануваат хаотични кога одат на венчавката на нивниот пријател Махараџа на еден остров.

Откако нивниот пријател е киднапиран, парот мора да оди во Париз, па се наоѓа во центарот на меѓународна истрага.

Премиерата на продолжението е закажана за 31 март.



Фото: Screenshot/YouTube