Франција го укинува терминот „брачна должност“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Долниот дом на францускиот парламент едногласно усвои закон со кој се укинува терминот „брачна должност“, термин кој, иако не беше дел од граѓанскиот законик, го користеа одредени правосудни органи.
Одлуката беше донесена едногласно со 106 гласа „за“, а законот сега треба да се разгледа во Сенатот.
Оваа иницијатива, која ја предложија пратеници од Еколошката партија, има цел во француското право јасно да ја отстрани секоја обврзувачка сексуална врска во рамките на бракот.
Пратеничката Мари-Шарлот Гаран, една од авторите на предлог-законот, истакна дека законот ќе биде почеток на завршување на насилството во бракот и спречување сексуално насилство.
- Овој закон е важно решение за жените што биле принудувани на сексуални односи, што претрпеле силување во брак. Се надеваме дека оваа промена ќе биде почеток на крајот на таквите неправди - изјави таа.
Иако терминот „брачна должност“ никогаш не беше официјално признат во граѓанскиот законик, француските судови понекогаш го користеле овој поим.
Во еден од случаите од 2019 година маж побарал развод бидејќи неговата сопруга немала сексуални односи со него повеќе години, а судот го прифатил неговото барање.
Откако жената ја изгубила тужбата, случајот стигнал до Европскиот суд за човекови права, кој во 2025 година пресудил во корист на жената, сметајќи дека законот на тој начин легализирал сексуален однос под присила, што било поврзано со „културата на силување“.
Извор:
021.rs
Фото: Pixabay