Одложени Азиските зимски игри 2029: Неизвесна судбината на скијачкиот центар „Тројена“

Одложени Азиските зимски игри 2029: Неизвесна судбината на скијачкиот центар „Тројена“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Олимпискиот совет на Азија (OCA) го потврди одложувањето на Зимските игри 2029 година, кои требаше да се одржат во моментално неразвиениот ски-центар „Тројена“ во „Неом“, контроверзен пустински мегапроект што се спроведува во Саудиска Арабија.

Откако во август минатата година се појавија сомнежи дека ски-центарот нема да биде завршен според планот, сега OCA и Саудискиот олимписки и параолимписки комитет објавија дека Азиските зимски игри 2029 година ќе бидат одложени на неодредено време.

Нема официјална причина за одложувањето

- Саудискиот олимписки и параолимписки комитет и Олимпискиот совет на Азија се согласија за ажурирана рамка за идното домаќинство на Азиските зимски игри, потврдувајќи го одложувањето - се вели во соопштението.

Сепак, во соопштението не се наведува официјална причина за одложувањето и не е јасно дали настанот сè уште е планиран да се одржи во Тројена.

Според генералниот план на германското архитектонско студио ЛАВА, одморалиштето моментално е во изградба во планинскиот регион Табук на северозападниот дел од земјата. Ќе биде уредено околу огромно вештачко езеро и ќе има згради дизајнирани од „УН Студио“, „Заха Хадид Архитектс “ и „Аедас“.

„Неом“ работи на ревизија на проектот

За потсетување, „Тројена“ е еден од клучните елементи на мегапроектот „Неом“, кој треба да се состои од град долг 170 километри наречен „Линијата“, линеарен мегалополис проектиран од БИГ и многу хотели на Црвеното Море.

Тоа е најголемиот и најзначајниот од 14. мегапроекти што се развиваат во Саудиска Арабија како дел од планот „Сауди вижн 2030“, чија цел е да ја пренасочи економијата на земјата од зависноста од нафта.

Проектот беше широко критикуван поради неговиот став кон човековите права и одржливоста, а според најновите информации, „Неом“ спроведува широка ревизија на планските решенија и наводно размислува за значително намалување на бројот на работници.

Извор: gradnja.rs

Фото: YouTube screenshot